Вие имате прво да ја знаете вистината

Кардиналот ја повика британската влада да не ги затвора црквите: „Луѓето се одговорни, не им требаат построги регулативи“

Надбискупот од Вестминстер и поглавар на католиците во Англија и Велс, кардиналот Винсент Николс, ја повика владата да не воведува повторно ограничувања за црквите во услови на рекорден пораст на стапките на Ковид-19.

Податоците објавени во петокот, кои сугерираат дека варијантата омикрон може да предизвика поблага болест од претходно доминантната делта варијанта, поттикнаа шпекулации во Вестминстер дека Борис Џонсон ќе се спротивстави на наметнување дополнителни ограничувања во Англија по Божиќ.

Кардиналот Николс рече дека е јасно дека големите простори како црквите „не се места каде што се шири вирусот“.

„Искрено би ве повикал да не размислувате за повторно затворање на црквата и местата за молитва“, изјави надбискупот за Би-Би-Си пред полноќ во катедралата Вестминстер.

„Мислам дека оваа земја покажа дека луѓето можат добро да расудат“, додаде тој.

„Во моментов велиме дека можеме да го разбереме ризикот. Знаеме што треба да направиме. Повеќето луѓе се разумни и претпазливи. Не ни требаат построги прописи за да нè научат што да правиме“, рече тој.

Дополнителни 122.186 лабораториски потврдени случаи на Ковид-19 беа регистрирани во Обединетото Кралство до 9 часот на Бадник, што е уште една рекордна дневна бројка, додека 137 луѓе починаа во рок од 28 дена од позитивното тестирање.

Во Шкотска, ноќните клубови ќе бидат затворени најмалку три недели од 27 декември како дел од пакетот мерки за контрола на ширењето на вирусот, додека клубовите во Велс и Северна Ирска ќе бидат затворени од празникот Св. Стивен.

Но, во Англија, владата може да одлучи да објави нови мерки за ограничување на контактите, наместо да ризикува уште еден штетен револт на Ториевците со тоа што ќе го повика парламентот да воведе нови правила.

Премиерот посочи дека нема да се двоуми да дејствува по Божиќ доколку е потребно – понеделник се очекува да биде првата можност министрите да размислат дали се потребни промени надвор од постоечките мерки на планот Б.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!