Вие имате прво да ја знаете вистината

Себастијан Курц најде нова работа: Оди во Силиконската долина за плата од 500.000 евра

Откако Себастијан Курц (35) поднесе оставка како австриски канцелар, а потоа и шеф на Народната партија (ÖVP) поради политички скандал, тој се посвети на семејниот живот. Неодамна се роди неговиот син Константин, а сега австриските медиуми јавуваат дека нашол нова работа.

Според весникот Österreich, Курц наводно планира да се пресели во Америка, каде што бил ангажиран од сè уште неименувана компанија во Силиконската долина, дом на голем број големи корпорации во високотехнолошкиот и ИТ секторите. Договорот за вработување наводно е веќе потпишан, а засега се знае само дека Курц треба да биде на раководна позиција.

Самиот тој за австриските медиуми по неодамнешното враќање од Америка изјави дека во јануари ќе ја информира јавноста за новите чекори во кариерата.

Според „Кронен цајтунг“, новата работа треба да започне во февруари, а тој планира да живее живот на типичен бизнисмен со плата од околу половина милион евра годишно, на релација Сан Франциско-Виена-Германија-Швајцарија. Со него во Америка повремено ќе бидат и неговата сопруга Сузане Тиер и синот Константин, а австриските медиуми дознаваат дека Курц покрај менаџерската работа треба да добие и членство во неколку надзорни одбори, но не се знае во кои компании.

Она што е дефинитивно сигурно е дека тој нема намера да се врати во политиката, а индикација за новиот животен ангажман даде на својот официјален профил на Твитер, каде од неодамна се рекламира на англиски јазик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!