Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појавија нови сателитски снимки, Русија трупа војска на границата, базата на Крим е полна со тенкови (фото)

Последните сателитски снимки на американската приватна компанија покажуваат дека Русија сè уште ги акумулира своите сили во анектираниот Крим и во близина на Украина.

Истовремено, Москва врши притисок врз САД да се согласат на разговори за безбедносните гаранции.

Ројтерс не можеше да ги провери најновите снимки од Maxar Technologies.

Кремљ во неколку наврати соопшти дека го задржува правото да распореди свои воени сили на руска територија и ги обвинува западните земји дека спроведуваат провокативни воени маневри во близина на границите на Русија.

Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, „распоредува свои војници на своја територија поради непријателските дејства на нејзините ривали во НАТО, САД и некои европски земји, кои вршат многу амбициозни маневри во близина на нашите граници“.

Сателитските снимки од 13 декември покажуваат база на Крим, која Русија ја анектираше во 2014 година, полна со оклопни возила и тенкови.

Максар ја снимаше таа база во октомври и беше празна.

„Во текот на изминатиот месец, нашите сателитски снимки со висока резолуција покажаа повеќекратно распоредување на руските сили на Крим и неколку центри за обука во западна Русија долж границата со Украина“, рекоа од Максар.

Според Максар, активностите се интензивирани на три локации на Крим и пет локации во западна Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери ја обвинија Москва дека размислува за напад врз Украина во јануари, но Русија жестоко го отфрли.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!