Вие имате прво да ја знаете вистината

Авионите не летаат, возовите стојат, омикрон ја парализираше Европа

Огромната заразност на видот омикрон ја доведе европската економија во големи неволји. Во многу земји од западната сфера, бројот на заразени постојано расте, како што е случај, на пример, во Франција, Велика Британија, Данска, Шведска, Финска, Италија или Шпанија. Има толку многу отворени боледувања што почнува да недостасува работна сила.

Така, германската авиокомпанија Луфтханза беше принудена да откаже неколку интерконтинентални летови пред Божиќ, бидејќи на многу пилоти им се слошило. Особено беа погодени летовите за Северна Америка. Скандинавската компанија SAS исто така откажа десетици летови, поради истите причини.

Во Соединетите Американски Држави, Делта ерлајнс и Јунајтед ерлајнс велат дека морале да откажат десетици летови за Бадник поради недостиг на персонал поради вирусот Омикрон. Авиокомпанијата изјави дека откажала повеќе од 100 летови откако компанијата ги „исцрпила сите опции и ресурси“.

Во Велика Британија ситуацијата станува критична. На станиците останаа неколку возови на регионалната компанија Авенти Вест Коуст. Познатиот Природонаучен музеј во Лондон поради непредвиден голем број боледувања мораше да ги затвори вратите со надеж дека можеби ќе може повторно да ја прими публиката од 27 декември. Во Лондон беа откажани неколку театарски претстави.

Не успеваат сите гости да послужат во некои ресторани во британската престолнина бидејќи нема кој да го направи тоа. И келнерите се на боледување.

Во Франција, управата на националните железници беше принудена да откаже бројни регионални возови, поради заразени машиновозачи и кондуктери. Во некои региони сообраќаат само два до три воза.

Во оваа земја дури и медицинскиот персонал е поканет да дојде на работа иако се сметаат за случаи кои биле во контакт со заразен. Така, пациентите ризикуваат да влезат во брзата помош поради исчашување на скочниот зглоб, а да излезат со ковид. Но, нема доволно работна сила.

Претседателот на Францускиот научен совет, Жан Франсоа Делфрези, на почетокот на јануари предвидува неколку стотици илјади заразени лица дневно во оваа земја, поради што смета дека може да дојде до „дезорганизација на општеството“. Зашто, има се повеќе болни учители, полицајци, затворски чувари.

Ништо подобра не е состојбата во компаниите. Фабриките се борат да најдат замена. Некои погони веќе се затвораат.

Франција забележа апсолутен рекорд со над 90.000 заразени во еден ден. Се проценува дека поради тоа половина милион Французи синоќа божиќното славење го поминале во изолација. Осамени од силата на околностите, тие славеа со своите семејства преку видео конференција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!