Вие имате прво да ја знаете вистината

БРУТАЛНО! БЕНЗЕМА ЛЕТА СО ПРИВАТЕН АВИОН ОД 91.000.000 евра: Ѕвездата на Реал Мадрид замина на одмор, но сите зборуваат за ова ЧУДО!

Карим Бензема оваа сезона игра извонредно во дресот на Реал Мадрид и веќе има постигнато 20 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.

Неодамна со маестрален гол го предводеше Реал до победа против Атлетик Билбао, па не е чудно што го заслужи новогодишниот празник. И тој замина со стил на одмор.

Бензема одлучи да ја искористи шампионската пауза околу новогодишните празници за да отпатува во Дубаи, а на својот Инстаграм покажа и приватен авион со кој замина таму.

Францускиот напаѓач заминал во Дубаи со приватен авион „боинг 737“, кој чини 91.000.000 евра, пренесуваат шпанските медиуми. Не се знае чиј е авионот, но Бензема очигледно решил да го изнајми за оваа пригода.

Во видеото кое го објави Бензема, тој позира пред спектакуларен авион, а потоа тргна на заслужен одмор. Погледнете како тоа изгледаше:

Следните обврски Бензема ќе ги има дури на 2 јануари против Хетафе, кога ќе продолжи борбата на Реал Мадрид за освојување на титулата во Шпанија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!