Вие имате прво да ја знаете вистината

Војна на Ердоган против високите камати: Турскиот претседател не сака младите да бидат робови!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул изјави дека каматните стапки ги прават богатите побогати, а сиромашните посиромашни и дека тоа ќе ја скрши „машината“, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган зборуваше на митинг на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Истанбул.

„Нашата борба е борба на волја за нов развој и напредок против оние кои сакаат да ја уништат цивилизацијата што ја претставуваме и да го спречат напредокот на нашиот народ. Нашата борба вреди секоја жртва, и време, имот и живот кога е потребно“, рече Ердоган и додаде:

„Борбата што ја водиме е борба за да ја довериме нашата визија за 2053 година на нашите млади луѓе, кои сакаат да ни ги направат манкурти (робови) откорнати од нивните вредности и минато“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!