Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Бразил пукна брана откако врнеше неколку недели, наредена е итна евакуација

По неколку недели обилни дождови, пукна брана во североисточната бразилска провинција Баија, што доведе до дополнително зголемување на нивото на водата на веќе надојдените локални реки, додека на населението му се закануваат поплави, објавија доцна во саботата регионалните власти.

Браната Игуа се наоѓа во близина на градот Виторија да Конквиста во јужниот дел на Баија, па властите ги евакуираа жителите на кои им се закануваа поплави, главно во малиот град Итамбе.

Според сегашните, ограничени податоци, нема загинати и повредени, а нема и поголема материјална штета.

„Брана со голема количина вода се сруши и силен порој ќе ја погоди општината Итамбе“, објави градската советничка на Итамбе на нејзиниот Инстаграм.

„Сите жители покрај реката Верруга треба веднаш да бидат евакуирани“, додаде таа.

Итамбе е земјоделски регион во внатрешноста на Бразил, на околу 200 километри од крајбрежниот град Илхеус.

Градоначалничката на Виторија да Конквист, Шила Лемос, изјави дека сите луѓе кои живеат во близина на реката се евакуирани, додавајќи дека сообраќајот на автопатот БР-116, главната врска меѓу североисточниот и јужниот дел на Бразил, може да биде прекинат.

Гувернерот на Баија, Руи Кастро, рече дека „илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови бидејќи водата се зголеми за метар или два, а на некои места дури и три“. Државата се соочува со обилни врнежи речиси два месеци.

Од почетокот на ноември во таа бразилска сојузна држава загинале 17 луѓе, а официјалните лица велат дека во декември биле забележани шест пати повеќе врнежи од просекот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!