Вие имате прво да ја знаете вистината

Доби 4 години затвор за уринирање на споменик на ветеран: Студентот тврди дека бил пијан, судот тврди дека е нацист

Судот во Москва го осуди студентот Матвеј Јуферов на четири години затвор откако беше снимен како уринира на споменик на руски ветеран од Втората светска војна. Тој подоцна го објави видеото на својот Инстаграм профил.

Јуферов, кој студира на Рускиот државен универзитет за хуманистички науки, беше прогласен за виновен за „рехабилитација на нацизмот“ и сега ќе биде во затвор до крајот на 2025 година. Нему му беше изречена забрана за „објавување материјали“ на интернет во траење од пет години, пишува Klix.ba.

Според обвинителството, ноќта на 25 ноември, во московската област Измаилово, Јуферов побарал од пријател да го сними како уринира на сликата на Анатолиј Фролов и ја објавил на Интернет.

Набргу по објавувањето на видеото, Јуферов го отстранил од интернет и снимил видео со извинување, но набрзо бил уапсен. Освен што се покајал, студентот тврдел дека бил пијан и рекол дека нема нацистички или екстремистички верувања.

Законот за рехабилитација на нацизмот беше заострен претходно оваа година, набргу откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше суден за клевета на ветеранот од Втората светска војна, Игнат Артеменко. Новиот закон вели дека понижувањето на достоинството или честа на борците може да биде казниво до пет години затвор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!