Вие имате прво да ја знаете вистината

Започна гласањето за НБА Ол-стар натпреварот во 2022 година

Викендов стартуваше гласањето за НБА Ол-стар натпреварот во 2022 година. Гласањето ќе биде отворено до 22 јануари 2022 година. Привремените резултати ќе бидат сумирани три пати: 6 јануари, 13 јануари и 20 јануари.

Секој ден од 25 декември до 22 јануари, навивачите можат да гласаат за 10 различни играчи.

Во текот на пет дена на гласање (25 декември, 7 јануари, 13 јануари, 17 јануари и 20 јануари) секој избор на навивачите ќе се брои како два.

Според сегашните правила, 50 % од изборот на играчи ќе зависи од гласовите на навивачите, а уште 25 % од гласовите на кошаркарите и новинарите.

Ол-стар натпреварот ќе се одржи во Кливленд на 20 февруари 2022 година. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!