Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ќе има трета светска војна ќе зависи од Москва и Вашингтон!?

Русија и САД нема да дозволат избувнување на Трета светска војна, бидејќи тоа би довело до уништување на целото човештво, изјави Евгениј Мураев.

„Секој разумен човек разбира дека утре или по Нова година нема да има трета светска војна“, рече поранешниот пратеник на Врховната рада на Украина, нагласувајќи дека во овој случај нуклеарното оружје има улога на ограничувачки фактори.

Мураев е сигурен дека средбата на претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, во Женева во јуни, како и повлекувањето на Вашингтон од воведувањето санкции против „Северен тек 2“ сведочат за наводниот претстоен договор меѓу двете земји.

За потсетување, од неодамна Киев и западните земји тврдат дека Русија планира „напад“ врз Украина. Москва постојано ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека никому не се заканува и дека движењето на нејзината војска на нејзина територија никогаш не треба да загрижува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!