Вие имате прво да ја знаете вистината

Каква трагедија, им се запали божиќната елка, во пожарот загинаа татко и два сина

Големата трагедија се случи во Пенсилванија, во градот Квекертаун, каде Ерик Кинг (41) и неговите двајца синови Лијам (11) и Патрик (8) загинаа на Божик наутро во пожар што избувна и ја запали нивната куќ, пишува NY Post.

Сопругата на Ерик успеала навреме да побегне од куќата со својот најстар син, а NY Post пишува дека во пожарот загинале и две семејни кучиња. Пожарот започнал на елката и брзо се проширил.

Доказите се многу јасни, пожарот настанал на елката. Беше вистинско дрво, и многу брзо гори – изјавил началникот на полицијата во Квекертаун, Скот МекЕлри. Пожарот ја уништил куќата на Кинг, но и соседната куќа, но соседното семејство поминало без повреди.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!