Вие имате прво да ја знаете вистината

Колинда за Божик “лумпуваше” со поранешната сопруга на Лотар Матеус, правеа селфи во центарот на Загреб (фото)

Колинда Грабар Китаровиќ го помина Божик со познати дами, меѓу кои и Маријана Матеус.

Откако претходната недела ја помина надвор од Хрватска, поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во пресрет на празникот се врати во земјава, но не во родниот град каде вообичаено го поминува Божик, туку во Загреб за да ужива со пријателите.

Во женско друштво, со поранешната тенисерка Ива Мајоли и нејзината наследничка Дона Векиќ, дизајнерката Александра Дојчиновиќ, новинарката со лондонска адреса Ана Мухар Бланкварт и претприемачката Маријана Матеус, таа го помина Божик во култно загрепско кафуле на главниот плоштад.

Со широки насмевки дамите позираа за селфи кои Ива Мајоли ги сподели на својот Инстаграм профил и веднаш добија многу убави коментари.

Воодушевени од глетката на дамите во култното загрепско кафуле, имаше голем број позитивни коментари како „Сите имате убави насмевки“, но и честитки за фотографијата со поранешниот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!