Вие имате прво да ја знаете вистината

Конзервативците запрепастени од Трамп, се огласи Кендис Овенс: „Постои само една причина зошто се вакцинираше“.

Конзервативната политичка коментаторка Кендис Овенс минатата недела го интервјуираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишува Business Insider, а една од главните теми била вакцинацијата.

Веќе е познато дека Трамп неодамна ги налути „фановите“ со тоа што веќе три пати бил вакциниран, а еден од неговите најголеми следбеници во текот на четирите години во Белата куќа бил Овенс, инаку голем противник на вакцинацијата.

Трамп на прашањето за вакцината одговори двозначно. Тој се согласи дека е погрешно да се принудуваат луѓето да се вакцинираат, но постојано изразува поддршка за вакцината против Ковид, чиј успех си го припишува себеси.

Трамп тврди дека вакцината ги штити луѓето и не убива никого.

Овенс го коментираше неговиот одговор на нејзиниот профил на Инстаграм:

– Луѓето често забораваат колку години има Трамп и единствената причина зошто ја поддржува вакцинацијата е фактот што не знае да користи интернет. Генерацијата на Трамп доби информации од весниците и веруваше дека тоа е реалност. Една од тие работи беа вакцините и верувањето дека луѓето без вакцини ќе умрат. Затоа верувам дека неговата поддршка за вакцинацијата е искрена и не произлегува од корупција.

Овенс верува дека позицијата на Трамп е резултат на тоа што тој ги чита само главните медиуми и не се обидува да најде алтернативни извори на информации:

– Тој е стар, се сомневам дека сурфа на интернет. Затоа, не верувам дека има некаква лоша намера од негова страна. Сепак, мислам дека треба да разбереме што се случува и зошто луѓето се преплашени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!