Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови ограничувања во Велс, Шкотска и Северна Ирска: До шест лица во пабови, кина и ресторани , ноќните клубови се затворени

Нови ограничувања за коронавирусот се воведуваат во Велс, Шкотска и Северна Ирска . Од денес во тие земји се забранети собири на повеќе од шест лица во велшките пабови, кина и ресторани.

На настаните во затворен простор ќе можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе, а на отворено 50. На јавните простори е воведено растојание од два метри, додека ноќните клубови се затворени. Исто така, настаните на отворено се ограничени на максимум 500 луѓе.

Ноќните клубови се затвораат во Северна Ирска, додека присуството на настани е забрането. Социјализацијата е ограничена на три домаќинства, додека до шест лица можат да се дружат во пабови, барови и ресторани или до 10 ако се од исто домаќинство.

Како и во Шкотска, дозволено е само послужување на маса, а на работното место и на јавните места важи растојание од два метри, пренесува Хина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!