Вие имате прво да ја знаете вистината

Папа Франциско: Многу луѓе се чини дека ја изгубиле желбата за деца, многу парови ги немаат… Тоа е трагедија

Папата Франциско денес рече дека падот на наталитетот во Италија е „трагедија“ и предупреди дека намалениот број родени деца претставува закана за иднината на европската земја.

Бројот на луѓе родени во Италија минатата година достигна најниско ниво од обединувањето на нацијата во 1861 година, објави Националното биро за статистика во декември. Стапката на наталитет во Италија паѓа веќе 12-та година по ред.

„Демографската зима е вистински загрижувачка, барем овде во Италија“, рече папата во своето неделно обраќање пред базиликата Свети Петар.

„Многу луѓе се чини дека ја изгубиле желбата за деца. Многу парови претпочитаат да немаат деца или да имаат само едно дете… Тоа е трагедија… што е во спротивност со нашите семејства, нашата држава и нашата иднина, – рече папата Франциско

Минатата година починаа 746.146 луѓе, а вкупното население падна на приближно 59,3 милиони.

ИСТАТ додаде дека падот на наталитетот продолжил и оваа година, наведувајќи ја пандемијата на Ковид-19 како еден од факторите за тој пад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!