Вие имате прво да ја знаете вистината

Пијан возач „влетал“ во кафеана во Македонска Каменица

Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како пијани возачи „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот.

– За жал често се случува поради пијанство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат, велат очевидци.

Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта, но за среќа не се регистрирани повредени лица.

Против возачот покрај првичната парична казна, најавен е соодветен поднесок за причинување материјална штета. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!