Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина Папуљас, беше грчки Претседател и преговарач за Времената Спогодба со Македонија

Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој беше на таа функција во два мандати, во периодот меѓу 2005 и 2015 година, почина во неделата на 92-годишна возраст, соопшти Претседателството.

Папуљас, кој беше и министер за надворешни работи од 1985 до 1989 година и од 1993 до 1996 година, беше висок член на социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер, Андреас Папандреу, објави Ројтерс.

Претседателката Катерина Сакеларопулу го пофали Папуљас за неговата улога во отпорот на нацистичката окупација за време на Втората светска војна и против грчката воена хунта во 1967-1974 година.

Неговото учество во националниот отпор и борбата против диктатурата ја одразуваше неговата постојана лојалност кон идеалите за слобода и правда, кои ги бранеше во текот на животот – се вели во изјавата на Сакеларопулу.

Инаку Папуљас беше министер за надворешни работи на Грција кога е потпишана Времената спогодба 1995 година и како награда заедно со тогашниот македонски министер за надворешни работи беа примени во Белата куќа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!