Вие имате прво да ја знаете вистината

Салах објави слика како го слави католичкиот Божик, муслиманите го обвинија за харам и го растурија во коментарите (фото)

Мохамед Салах објави и семејна фотографија во божиќното издание оваа година.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата, бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за недозволиво). Неговата објава предизвика повеќе од 50.000 коментари и доби два и пол милиони лајкови.

„Срам да ви е, го предадовте исламот. Вие сте муслиман и не смеете да го славите Божиќ. Тоа го знаете!“, „Ова не е наш празник“, „Веќе не сте гордост на Арапите“, „Не дај Боже “, „Срам да ти е името“, „Престани да го следиш овој човек“, се коментарите со најмногу лајкови. Има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува како ги почитува другите религии.

Салах минатата година објави и фотографија во божиќното издание. А потоа многу муслимани го нападнаа египетскиот фудбалер во коментарите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!