Вие имате прво да ја знаете вистината

Се тресе ЕУ, најмоќниот Пољак со шокантни обвинувања на сметка на Германија

Полскиот вицепремиер и лидер на владејачката Партија на правото и правдата Јарослав Качински ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори Европската унија во „Четврти Рајх“.

„Доколку ние Полјаците се согласивме на ваква модерна подреденост, ќе бевме деградирани на различни начини“ , рече Качински.

Тој тврди дека Европскиот суд на правдата се користи како „инструмент“ за федералистички идеи.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки неодамна го критикуваше Брисел за „бирократски централизам“, а откако поведе нова постапка поради одлуките на полскиот Уставен суд, кои, како што велат, ја доведуваат во прашање надмоќта на европското право над националното право.

Полска веќе неколку години е во конфликт со Европската комисија поради судските реформи спроведени од полската владејачка коалиција, а Судот на ЕУ веќе донесе некои одлуки против Полска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!