Вие имате прво да ја знаете вистината

ЦРН БОЖИк ВО ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ светски МЕТРОПОЛИ: Семејства завиени во црно, лекарите на крајот од силите, рекордни бројки на заболени од корона

Американската држава Њујорк забележа рекорден број случаи од почетокот на пандемијата на Божиќ, поради ширењето на високо заразниот вид омикрон во Соединетите држави.

Американската држава во петокот забележа 44.431 нов случај на коронавирус, во споредба со четвртокот, кога беше соборен и негативен рекорд, а тогаш се разболеле 38.835 луѓе, објави Индепендент.

И покрај тоа, се додава, има значително помалку хоспитализирани и починати лица во однос на истиот период лани.

Во четвртокот, 4.744 луѓе беа хоспитализирани поради Ковид, во споредба со повеќе од 7.000 пред една година.

Гувернерката на Њујорк Кејти Хокл изјави дека државата ќе отвори 13 нови центри за тестирање на Ковид на 29 декември.

Благодарение на вакцините и засилувачите, нашата борба против пандемијата оди подобро од минатиот Божик, но сепак треба да се погрижиме за време на новогодишните празници, рече Хок.

Претходно оваа недела, американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека 73 отсто од сите случаи во САД биле заболени од омикрон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!