Вие имате прво да ја знаете вистината

ЧУДО НА БОЖИк! Фудбалер по 6 месеци се разбудил од кома!

Англискиот фудбалер Дени Хоџсон по шест месеци се разбудил од кома.

Дени Хоџсон (26)  пред шест месеци беше нападнат во Перт, каде што живее и игра фудбал.

Поранешниот фудбалер на Карлсли едвај го преживеа нападот. Тинејџерот кој го нападна Хоџсон подоцна го признал делото во полиција, но неговото име не е објавено бидејќи е малолетник.
Откако го удри напаѓачот, Хоџсон ја удри главата во бетонот и имаше крварење во внатрешноста на мозокот.

Само брзото пристигнување на брзата помош му го спасило животот. Се случи чудо, тој се разбуди од кома во пресрет на католичкиот Божиќ и дури доби дозвола да го помине празникот со семејството.

Судењето на напаѓачот не е завршено. Семејството се надева дека иако е малолетен поради срамниот и кукавички чин ќе заврши долго зад решетки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!