Вие имате прво да ја знаете вистината

Што планираат Кинезите? Кина купи повеќе од половина од светските залихи жито и трупа резерви

Кина собра повеќе од половина од светските залихи на пченка и други житни култури и се очекува да продолжи да ги проширува своите резерви на храна, покажуваат статистиките. Во првата половина на 2022 година, Кина ќе има 69 отсто од светските резерви на пченка, 60 отсто ориз и 51 отсто пченица, соопшти американското Министерство за земјоделство, пренесува RT.

Оваа проекција укажува на пораст од околу 20 процентни поени во последните 10 години. Податоците на кинеската генерална царинска управа покажуваат дека таа земја во 2020 година потрошила 98,1 милијарди долари за увоз на храна (без пијалоци), што е 4,6 пати повеќе од пред една деценија.

Во првите девет месеци од оваа година Кина увезла најмногу храна од 2016 година. Во текот на изминатите пет години, кинескиот увоз на соја, пченка и пченица се зголеми меѓу два и 12 пати, а повеќето беа увезени од САД, Бразил и други земји кои се главни извозници. Увозот на говедско и свинско месо, млеко и овошје се зголеми меѓу два и пет пати во истиот период. Експертите наведуваат дека Кина увезува се повеќе житарки и друга храна затоа што домашното производство не може да биде во чекор со потрошувачката.

Шефот на кинеските резерви на житни култури во Националната агенција за стратешки резерви на храна, Чин Јуџун, неодамна изјави дека Кина ги одржува резервите на храна на „историски високо ниво“.

Нашите залихи на пченица можат да ги задоволат потребите за година и пол. Нема проблеми со снабдувањето со храна – рече тој, пренесе РТ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!