Вие имате прво да ја знаете вистината

4,21 милиони евра за поправка на болидот на Шумахер

Формула 1 тимот на Хас потроши 4,21 милиони евра за поправка на болидот на Мик Шумахер во сезоната 2021 во Формула 1.

Според „Sky Deutschland“, Шумахер го зазеде првото место на листата на пилоти во оваа категорија. На второто место заврши Шарл Леклер од Ферари со 4,04 милиони евра, а трет е шампионот и пилот на Ред Бул, Макс Верстапен со 3,89 милиони евра.

Шумахер имаше неколку судари за време на трките во Ф1 шампионатот, а еден од нив беше и контактот со Николас Латифи којшто се покажа како одлучувачки за шампионскиот трофеј освоен од Верстапен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!