Вие имате прво да ја знаете вистината

Архиепископот г.г. Стефан упати желби за добро здравје до вселенскиот патријарх Вартолемеј

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан упати желби за добро здарвје и брзо заздравување до вселенскиот патријарх Вартолемеј, кој е позитивен на Ковид-19.

-Со особена загриженост ја примивме веста што Мајката Црква ја соопшти – дека по редовниот медицински преглед, кај Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј е дијагностицирана инфекција од Ковид-19, со лесна симптоматија. Изразуваме благопожелби за брзо закрепнување и за враќање на редовните задолженија на Неговата Сесветост, кој за сето време на својата архипастирска служба е на будна стража за доброто и за преуспевањето на Православието, ревнувајќи за зачувување на канонскиот поредок на Православната Црква, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Бигорскиот манастир.

Г.г. Стефан ја повикува нашата Црква, свештенството и верниот народ да ни се придружат во, како што се наведува, молитвата за здравје и брзо опоравување на неговата сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. Вартоломеј. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!