Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Франција запленет повеќе од еден тон кокаин

Припадниците на француската служба за борба против наркотици на царинската служба, заплениле повеќе од еден тон кокаин кој денеска пристигнал во контејнер од Колумбија.

Во извештајот на парискиот дневен весник Фигаро се наведува дека полициски извори во Авра потврдиле дека во истата акција биле уапсени неколку шверцери, пренесува порталот Франс 24.

Француските медиуми потсетуваат дека на почетокот на декември била извршена успешна акција на француската служба за борба против наркотици, во која во контејнер во транзит до крајната дестинација во пристаништето Норман биле запленети 1,5 тони кокаин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!