Вие имате прво да ја знаете вистината

Врие на Косово, Харадинај го обвини Курти: Секој ден и плаќа милиони на Србија! Дали тоа од него го бара енергетската мафијата или Русија!?

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај ги обвини актуелниот премиер на Косово Албин Курти и Самоопределување.

Тој ги обвини дека со отфрлањето на проектите за изградба на централата „Ново Косово“ и американскиот гас „се спротивставиле на секоја можност Косово да направи нови инвестиции“, пишува Репортери.

Харадинај нагласи дека за економската криза претходно било предупредено и дека прашањето е „од каде дошле“.

Според него, „Курти секојдневно и дава милиони на Србија со купување струја, додека со централата Ново Косово тие би биле фактор во регионот.

„Овие луѓе го оневозможија обезбедувањето средства за „Ново Косово“ и целта беше да остане без енергија. Курти не беше свесен кога се спротивстави на изградбата на централата „Ново Косово“, бидејќи рече дека сака да ни продаде енергија за 86 евра за мегават.“ „И сега плаќаме 625 евра, а парите одат во Србија. Дали на Курти му останавме должни за сега да не држи во во темнина и да не прифаќаме инвестиции од повеќе од милијарда долари“, рече Харадинај на АТВ.

Тој посочи дека актуелната влада „му кажа не на американскиот гас“.

„Непотизам, семејни вработувања, ставови во дијалог, се е видливо. Енергетската позиција на владата на Курти покажува дека тие ја уништуваат државата. Курти и Самоопределување се спротивставија на секоја можност што ја имаше Косово да добие нови инвестиции“, рече Харадинај.

Лидерот на АБК вели дека Курти треба да каже зошто косовската влада ги отфрлила овие два проекти.

Тој треба да покаже дали тоа го побарале Русија, Србија или енергетската мафија, рече Харадинај.

Тој упати сериозни обвинувања и против косовскиот министер Либурн Алиу, за кого рече дека е „татко на корупцијата и тендерите во Косово“ и дека „пари за струја на северот треба да се инвестираат во изградбата на патот Дечани-Плав“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!