Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали и Вучиќ заминува од политиката!? тоа е дефинитивна одлука: Нема да се кандидирам за Претседател на партијата

Александар Вучиќ за викендот потврди дека повеќе нема да се кандидира за претседател на Српската напредна странка.

Тоа е дефинитивна одлука, луѓето во партијата го знаат тоа, има четворица или пет кандидати. Ако не се кандидирам за претседател на Србија, логично е да не бидам претседател ниту на партијата. А ако излезам на избори и победам, тогаш ако не сум лидер на партијата би бил растеретен и формално и во секоја смисла сите граѓани би биле еднакви за мене, вели Вучиќ.

Тој додава дека нема никаков презир кон политичките партии иако тоа денес е „фенси“ и дека партиите се сржта на едно општество.

Затоа повеќе им верувам на луѓето кои се во партиите отколку на оние кои се во некои ед-хок движења, бидејќи луѓето имаат повеќе одговорности, истакна Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!