Вие имате прво да ја знаете вистината

Епидемиолошката состојба останува стабилна: Само еден регистриран случај на омикрон

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека засега во земјава има само еден случај на инфициран со омикрон сојот на Ковид-19, а епидемиолошката состојба останува стабилна. Дополнителна анализа, како што рече, ќе се направи во текот на следната недела.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави Филипче по посетата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Министерот напомена дека и натаму е прилично стабилна епидемиолошката состојба. Како што рече, нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

– Следната недела ќе се направи група на тестови кои ќе бидат секвенционирани, но во овој момент нема знаци дека има влошување на епидемиолошката состојбата, посочи министерот Филипче. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!