Вие имате прво да ја знаете вистината

ЛУКА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОДДЕЛИ ОД ДЕВОЈКАТА: Убавата Словенка одамна го освои Дончиќ, а сега со провокативни изданија ги освојува и САД! (ФОТО)

Првата ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ, успешно гради кариера во НБА лигата, а додека љубителите на кошарката уживаат во неговите потези, големо внимание привлече и неговата девојка Анамарија Голтес.

Убавата Словенка се занимава со манекенство, а светот одамна запозна девојка која ги „освојува САД“.

По завршувањето на студиите по економија во Љубљана, таа почна посериозно да се занимава со манекенскиот бизнис ширум светот. Регионот ја запозна уште во 2013 година, кога беше избрана за „тинејџерска мисица“ на Словенија.

Лука ме освои со својата младешка и разиграна енергија. За мене тогаш тоа беше нешто ново, свежо… Кога се запознавме, имав 12 или 13 години, тој беше помлад од мене, па можам да кажам дека висината и мускулесто тело не ми се толку важни. Лука е едноставно интересна личност и сè уште го има сето она што тогаш ме привлекуваше кон него – изјави еднаш Анамарија.

А судејќи по провокативните фотографии на кои покажува совршена линија и привлечен изглед, јасно е дека Лука во Далас мора да се грижи за девојката и да ја брани од погледите и „нападот“ на мажите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!