Вие имате прво да ја знаете вистината

НАЈСТАРИОТ напаѓач на светот има 54 ГОДИНИ И БАРА НОВ КЛУБ: Се уште сака да ги тресе мрежите, прволигашите го опсипуваат со понуди!

Има 54 години и не се откажува од фудбалот! Легендарниот напаѓач Казујоши Мијура остана без договор во Јокохама, но не планира да ги закачи копачките на клин!

Причината поради која нема да биде продолжена соработката со Јокохама не е поради тоа што клубот е незадоволен од неговите игри, туку затоа што Јокохама испадна во втората лига, а Мијура не сака да игра во понизок ранг.

Сакам да одредам што е најважно за мене и потоа да донесам искрена одлука врз основа на моите чувства. Мојата страст за фудбалот и мојата потрага по успех не се променија откако станав професионален играч во Бразил во 1986 година. Ништо не се менува, јас уште чувствувам мотив, сила, енергија, желба, изјави Мијура, кој потенцираше дека го бараат неколку клубови од највисок ранг.

Мијура е роден во 1967 година, а кариерата ја започна во 1986 година во Бразил, играјќи за Сантос, бидејќи во тоа време во Јапонија немаше професионална фудбалска лига. Во Бразил играше и за ЦРБ, Палмеирас и Коритиба, додека во Јапонија ги носеше дресовите на Токио Верди, Кјото, Висел Кобе и Јокохама.

Еден период помина и во Австралија играјќи за Сиднеј, а успеа да игра и во Европа. Прво играше за Џенова во 1994 година, а потоа пет години подоцна накратко го облече дресот на Динамо Загреб.

Тој е легенда во Јапонија и долго време е напаѓач на репрезентацијата. За репрезентацијата настапуваше од 1990 до 2000 година и за тоа време на 89 натпревари постигна 55 гола. Интересно е што во текот на 2012 година одигра шест натпревари за футсал репрезентацијата на Јапонија и постигна еден гол.

Сега на 54 години не се откажува од фудбалот и бара нов клуб!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!