Вие имате прво да ја знаете вистината

Новинарка на прес-конференцијата со Путин влегла со стар ПЦР тест и треска: Тоа беше од возбуда!

Маратонската прес-конференција на рускиот претседател изгледа беше премногу за една новинарка.

Новинарката Ана Шишминцева од Курганската област во централна Русија се извини што направила циркус на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, новинарката на веб-страницата Област 45, по одржувањето на конференцијата на социјалните мрежи се пофали дека на конференцијата влегла со помош на стар тест за ковид и со треска.

Во сега веќе избришаната објава, Шиминцева напиша: „Првото нешто што ме насмеа беше тоа што ме пуштија со погрешен датум на PCR тестот. (Ви благодариме што не обрнувавте внимание)“.

Нејзината објава предизвикаа тревога, а потоа пристигна извинувањето.

„Извинете, излажав. Бев возбудена, не спиев со денови. Им се извинувам на сите мои колеги новинари и организаторите на прес-конференцијата за лошата шега со температурата“, напиша таа во петокот на Инстаграм.

„Признавам дека беше глупост. Повторувам, имав температура од возбудата. Жал ми е што го загрозив вашето здравје. Денеска направив два ПЦР теста на различни места, отидов на лекар и дадов крв. Немам респираторни заболувања или КОВИД“, рече таа, давајќи доказ за нејзиниот преглед.

Во четвртокот Путин ја одржа својата годишна прес-конференција, на која го изрази своето мислење за голем број горливи теми, од кризата со НАТО и Украина, преку коронавирусот до опозицискиот Алексеј Навални.

Русија во последните недели се бори со голем број заразени лица, со дневен број на новозаразени околу 25.000.

Во најголемата земја во светот, од избувнувањето на пандемијата се регистрирани над 300.000 смртни случаи од корона.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!