Вие имате прво да ја знаете вистината

ОВА Е ПРВИОТ СИМПТОМ НА ОМИКРОН: Луѓето често го игнорираат, а тој е првиот индикатор дека треба да се тестирате

Последната мутација на короната наречена омикрон, која брзо се шири низ планетата, пристигна во Македонија, а експертите предупредуваат на симптоми на болеста кои се малку поинакви од оние кои се веќе познати.

Како што истакнуваат, постојат неколку знаци кои укажуваат дека можеби сте се заразиле со мутација на короната, а голема е веројатноста дека ќе го слушнете првиот симптом пред да ви се слоши.

Луѓето кои се заразиле со омикрон пријавиле гребење во грлото, поради што нивниот глас се променил или зарипнал. Ако некој ви каже дека звучите како да пеете цел ден, дека гласот ви е длабок и рапав, а знаете дека природно не е така, проверете дали сте заразени со варијантата омикрон.

За разлика од делта соевите, каде што пациентите имале болки во грлото, кај заразените со новата мутација симптомот е само гребење.

Минатата недела, Рајан Роуч, извршен директор на DiscoveryHealth, најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во Јужна Африка, рече дека тоа е најчестиот симптом со кој се соочуваат пациентите инфицирани со омикрон. Овој симптом обично е придружен со затнување на носот, но и други чести знаци како сува кашлица и болки во долниот дел на грбот.

Ова се вообичаени рани предупредувачки знаци на инфекција со сој омикрон:

Течење од носот / затнат нос
Главоболка
Замор
Кивање
Ноќно потење
Болки во телото

Според студијата спроведена од апликацијата „ZOE Covid Symptom Study“, беше откриено дека болното грло е меѓу најчесто пријавени симптоми, и кај вакцинирани и невакцинирани лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!