Вие имате прво да ја знаете вистината

Одмаздничката порнографија во Лондон зголемена за 329 отсто: „Некои жртви имаат и по 10 години“

Според податоците на Метрополитенската полиција, бројот на одмазднички порнографски инциденти во Лондон нагло се зголемил од декември 2020 година, пренесува Дејли Мејл.

Бројот на пријави за одмаздничка порнографија покажа дека бројот на злосторства во Лондон се зголемил за 329 отсто во период од 13 месеци, а некои од жртвите се на 10 годишна возраст.

Бројот на жртви на возраст од 10 до 17 години е зголемен за четири пати во однос на минатата година, а пријавите на жените се искачиле на 572, наспроти 177 лани. Казнените дела на мажите се зголемени за 162.

Експертите кои им помагаат на жртвите на одмаздничката порнографија изјавија за Дејли Мејл дека притисокот од пандемијата на Ковид-19 можеби бил главен фактор што го поттикнува овој вид на криминал. Нема индиции дека наскоро ќе се намали, тврдат оттаму.

Добротворната организација South West Grid for Learning неодамна го објави својот петгодишен извештај кој го покрива периодот 2015-2020 година, а еден од нивните клучни наоди покажа дека случаите на сексуална уцена и уцена преку веб-камери се зголемиле тројно минатата година.

Агентката на линијата за помош, Зара Вард, изјави за Дејли Мејл дека забележале „удвојување на извештаите поради објавување на интимни фотографии практично преку ноќ, односно за време на подемот на пандемијата“. Причините за ова се различни. Врската беше под огромен притисок, што доведе до раскинување на многу парови. Понатаму, линијата помеѓу реалното и виртуелното стана искривена, тврди Вард.

– Минатата година беа воспоставени повеќе врски преку Интернет бидејќи луѓето поминуваа повеќе време дома, а тоа предизвика зголемување на бројот на случаи на злоупотреба и уцени преку фотографии – рече таа.

– Во 2020 година само ја изгребавме површината, а сега извештаите дополнително се зголемуваат и не покажуваат знаци на забавување – заклучува таа.

Одмаздничката порнографија е кривично дело класифицирано во Законот за кривична правда од 2015 година. Имено, доколку ве обвинат за одмаздничка порнографија и ве прогласат за виновен за кривично дело, ви се заканува затворска казна до две години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!