Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон “допатува” во Косово, го донесоа патници од Лондон, Америка и Франција

Во Косово и Метохија се потврдени првите девет случаи на коронавирус од сојот омикрон, соопшти денеска Институтот за јавно здравје од Приштина.

Според институтот, од 22 тестирани примероци, девет биле позитивни .

Според соопштението на институтот, вирусот е потврден кај две лица кои дошле од САД, кај две лица пристигнати од Лондон и кај едно лице од Франција .

Видот Омикрон бил откриен кај уште четворица од Косовска Митровица, но тие негираат дека патувале или биле во контакт со некој од странство.

Во соопштението на Институтот се предупредува дека се очекува влошување на епидемиолошката состојба, со напомена дека овој сој, според сегашните податоци од светот, се шири побрзо од сојот делта плус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!