Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон коси во САД: за еден ден откажани речиси 1.200 летови поради Ковид-19

Американските авиокомпании откажаа речиси 1.200 летови во неделата бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19.

Комерцијалните авиокомпании откажаа 1.171 лет во, до или од САД , според податоците на FlightAware.com.

Тоа е трет ден по ред со голем број откажани летови во САД. За Божик беа откажани 997 летови, а за Бадник речиси 700.

Божиќните празници во САД се совпаднаа со растечкиот број случаи на позаразната варијанта на Ковид-19 – Омикрон, која сочинува три четвртини од случаите во земјата.

Поради Омикрон, кој е со помала веројатност за хоспитализација од претходните варијанти, бројот на случаи се зголеми за 45 отсто на просечно 179.000 дневно во САД.

Извор:МИА

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!