Вие имате прво да ја знаете вистината

Сензација! Играше за МЗТ Скопје во АБА лигата против Земун и Ужице, а сега е стартен плеј во НБА лигата

Ако минатата година внимателно ја следевте АБА 2 лигата, ќе го паметите од тоа натпреварување! 25-годишниот Хасани Гравет не беше избран на драфтот за 2019 година, откако студираше на универзитетите во Пенсакола и Јужна Каролина, но доби договор со Лејкленд Меџик, развојниот тим на Орландо Меџик. 

По одредено време поминато таму, тој реши да замине во Европа и потпиша за МЗТ Скопје за кој настапуваше минатата сезона. Во АБА 2 имаше 12,4 поени, 4 скока и 3,1 асистенции по натпревар. Беше најдобар во дуелот со Слобода од Ужице кога даде 27 поени, но имаше и полоши партии, кога даде само три бода во дуелот со Младост од Земун. 

На почетокот на оваа сезона тој директно од АБА 2 премина во НБА, кога на 8 септември потпиша договор со Орландо. Сепак, само еден месец подоцна доби отказ и повторно се најде во нивниот тим за развој. Таму на 12 меча во просек имаше 13,6 поени, 5,2 скока и 2,8 асистенции, па поради проблемот на Орландо со короната заслужи нова покана во првиот тим.

Тој на 17 декември потпиша десетдневен договор и веќе одигра три натпревари откако се врати во тимот.

Прво беше во составот за натпреварот со Мајами кога постигна 6 поени, 2 скока и 3 асистенции, а потоа играше против Бруклин, кога постигна 7 поени, 5 скока и 3 асистенции.

Така го добивме дваесеттиот АБА играч во НБА лигата. Првите 19 играа во АБА лигата, а Хасани Гравет покажа дека од АБА 2 се оди во најсилната лига на светот!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!