Вие имате прво да ја знаете вистината

Три лица повредени во сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Непроштено се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од сeлото Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од селото Доброште.

Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Извор:МИА

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!