Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам ги забавуваше своите фанови на Божиќ откако објави семејна фотографија на социјалните мрежи.
Бекам позираше во друштво на сопругата Викторија, синовите Ромео, Круз и Бруклин и ќерката Харпер, а вештото око на нивните обожаватели забележаа еден убав детал.
Дејвид стоел покрај својот 19-годишен син Ромео, а како да му пречело што синот е повисок од него, па решил да застане на прсти додека позирал.
„Дејвид, дали си љубоморен на висината на твојот син?“, прашал еден следбеник во коментар на фотографијата.
„Одлична фотографија, особено г-дин Бекам како стои на прсти“, „Чекај, Дејвид се качи на прстите!!??“, „Дејвид стои на прсти, смешно“, гласат дел од коментарите на следбениците на семејството Бекам.