Вие имате прво да ја знаете вистината

Фетел: Не треба да правите нешто за кое подоцна ќе ви биде срам да се погледнете во огледало

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, зборуваше за тоа што се променило за него откако првпат стана шампион во Формула 1 во 2010 година.

– Прво, станав постар и тоа е во ред. Се надевам дека нема да застанам и ќе продолжам да се развивам. Одредени вредности лежат во вас долго време, но со возраста и искуството почнувате да зборувате за нив подиректно и поотворено. Во секој случај, сега се занимавам со други проблеми во однос на тоа што беше пред 11 години, изјави Фетел.

Германецот одговори и на прашањето колку е важно да ги браните своите вредности и идеали:

„Сè е како во политиката: од една страна, секогаш е неопходно да се има на ум големата слика. Во овој случај, полесно е да се ослободите од некои работи за да ја постигнете главната цел. Но, постои јасна граница. Ако правите или кажете нешто, тогаш не треба да се срамите да се погледнете во огледало. Дозволете ми да ви дадам еден смешен пример. Ако ми беше понуден најбрзиот болид во Формула 1, а титулата ми беше загарантирана, но ќе морав да седам целосно гол во автомобилот, тогаш би рекол: „Не, благодарам!“ Треба да ги браните своите вредности и идеали. Но, секој сам одлучува што е подготвен да направи, истакна Фетел.

Пред Астон Mартин, Фетел возеше за Ферари, Ред Бул, Торо Росо и БМВ Заубер

Извор: МИА

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!