Вие имате прво да ја знаете вистината

Шампионката во вештачка кома по падот на тренингот, има тешки повреди на главата, сите се загрижени

Холандската велосипедистка Ејми Питерс е во вештачка кома откако имаше операција на главата по пад на тренинг, соопшти денеска нејзиниот тим.

Питерс во четвртокот имаше операција на главата, а за време на операцијата лекарите го намалија притисокот, кој беше предизвикан од падот. Таа во наредните денови ќе биде во вештачка кома. Кога лекарите ќе ја разбудат за неколку дена, тогаш ќе може да се зборува за можните последици, се наведува во соопштението на тимот на SD Works.

Несреќата се случила за време на тимски тренинг во близина на шпанскиот град Калпе.

Питерс (30) во досегашната кариера има освоено три златни медали на Светското првенство на писта (2019, 2020 и 2021 година), а во 2018 година освои сребро, додека во 2019 година освои злато на Европското друмско првенство во велосипедизам.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!