Вие имате прво да ја знаете вистината

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на самитот НАТО-Русија

Швајцарија е подготвена да ги понуди своите услуги и да биде домаќин на самитот на Русија и НАТО закажан за 12 јануари 2022 година.

„Ова значи дека Швајцарија, како земја домаќин, ќе пружи помош во организирање конференции и состаноци“, изјави за Спутник портпаролот на швајцарското сојузно министерство за надворешни работи, Валентин Кливаз.

Тој нагласи дека поради доверливост на информациите, министерството не коментира конкретни настани или барања добиени од двете страни. Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг како претседавач со Советот Русија-НАТО одлучи да свика состанок на тоа тело на 12 јануари 2022 година.

Прес-службата на НАТО потврди дека алијансата е во контакт со Москва во врска со организацијата на состанокот, но потсети и на ставот на НАТО дека „секој дијалог со Русија мора да се води врз основа на реципроцитет, што ја вклучува и загриженоста на НАТО за дејствијата на Русија“.

Дополнително, НАТО нагласува дека разговорите мора да се засноваат на клучните принципи и фундаментални документи за европската безбедност, како и дека тие мора да се одвиваат во координација со европските партнери на Алијансата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, вчера потврди дека Русија добила предлог за свикување на самит Русија-НАТО што Кремљ го разгледува. Таа потсети дека Русија е подготвена за директен дијалог со НАТО за безбедносните гаранции.

На 17 декември, Русија објави нацрт-договори со Соединетите Американски Држави и НАТО, кои вклучуваат одредби за меѓусебни безбедносни гаранции во Европа, нераспоредување на ракети со среден и краток дострел и одбивање за понатамошно проширување на НАТО на исток, вклучително на поранешните Советски републики.

Во еден дел од нацртот се предлага НАТО да и даде гаранции на Русија дека Северноатлантската алијанса нема да се прошири на територијата на Украина.

Документот веќе е проследен до Вашингтон и американските сојузници, а рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков претходно предупреди дека доколку НАТО и САД не ги послушаат барањата на Русија за безбедносни гаранции, тоа може да доведе до нови конфронтации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!