Вие имате прво да ја знаете вистината

Адел го има најпродаваниот албум за 2021 година!

По голема пауза од музичката сцена, повратниот албум на пејачката Адел, е најпродаван албум за 2021 година. Албумот „30“ продаде 500.000 примероци за само два дена, а собори и многу рекорди во физички и дигитални изданија. „30“ е и најпродаваниот албум оваа година.

Веднаш по објавувањето на албумот, беше јасно дека истиот ќе собори многу рекорди, а Адел целосно го засени албумот на групата ABBA.

Првата песна од албумот со име „Easy on me“ собори рекорди и на Јутуб и други стриминг сервиси.

Видео спотот за песната „Easy on me“ за само 24 часа беше прегледано 51 милион пати, а моментално има повеќе од 210 милиони прегледи.

Со оглед на тоа што Адел во нејзината кариера продаде милиони албуми и освои голем број награди, вклучително и Оскар како и 15 Греми награди, албумот „30“ беше едно од најочекуваните работи оваа година во светот на музиката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!