Вие имате прво да ја знаете вистината

Американските медиуми го оцрнија лидерот на Украина: Тој е комичар, неискусен и само со еден потег може да предизвика воен конфликт!

Жестоки критики на сметка на украинскиот претседател.

Отсуството на соодветно лидерско искуство на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, може да доведе до вистински вооружен конфликт во Донбас, пишува NewYork Times.

Светот е се позагрижен за неискуството на Зеленски и неговата околина, што може да доведе до страшни последици, не само за неговата земја туку и за Европа. Секој невнимателен чекор може да доведе до војна што може сериозно да ги влоши односите помеѓу Русија и САД , пишува новинарот, Ендрју Крамер.

Тој наведува дека Зеленски се опкружил со претставници на шоу-бизнисот кои му се лојални, наместо со експерти кои ја разбираат внатрешната и надворешната политика на Киев. Според новинарот, администрацијата на украинскиот лидер е можеби првата во историјата што дошла на власт во толкави размери директно од светот на шоу-бизнисот.

Пред да стане политичар, Зеленски беше телевизиски актер и комичар. Назначуваше луѓе од неговиот огранок на клучни позиции, па и на чело на Советот за безбедност на Украина, потсетува новинарот.

Рускиот претседател, Владимир Путин на прес-конференција изјави дека има впечаток дека се подготвуваат за третата воена операција во Украина, но и дека однапред Запандите сили ја предупредуваат Москва да не се меша, бидејќи во спротивно ќе следуваат нови санкции. Како што истакна, тоа е првата опција на која Русија мора да реагира, додека втората опција е создавање Анти-Русија во Украина, со испорака на оружје и перење мозок на населението, стои во текстот на новинарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!