Вие имате прво да ја знаете вистината

„Ангелот“ на Викторија сикрет со необична Божиќна честитка до својте следбеници (фото)

Ангелот на Викторија Сикрет, Изабел Гулар (37 г.) го помина Божиќ на песочна плажа на Бахамите со својот вереник, фудбалерот, Кевин Трап (31 г.). Одличната форма и својата убава фигура ја покажа во црвено бикини, а со нејзината посилна половина направија и неколку акробации, кои потоа ги фотографираа и објавија на социјалните мрежи.

Со љубов од сончевиот Св. Бартс, ви посакуваме среќен Божиќ, стоеше во описот на фотографијата на која вереникот ја држи за раменици додека таа стои во неговите раце.

Изабел и Кевин исто така имаа и божиќни црвени капи на главите, а имале и фотограф кој ги фотографирал нејзините топли празнични моменти.

Манекенката го привлече целото внимание со својата витка фигура и исончаниот тен со јасно видливи црти на бикини низ нејзиното тело.

Таа често објавува многу провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, а помеѓу многуте нејзини следбеници е и познатиот музички уметник Дејвид Гета кој што остави и коментар на оваа фотографија:

Многу импресивно, но сега мојата девојка сака и ние да го направиме истото. Јас сум во неволја поради тебе!

Се пошегувал познатиот музичар, а анеглот на Викторија Сикрет му одговорила дека ќе ја задоволи својата девојка и ќе ја научи како да позира како нејзе.

Фотографијата собра речиси 200.000 лајкови, а Изабел на Инстаграм ја следат повеќе од 4,5 милиони луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!