Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден ја смирува нацијата: Некој болници ќе се соочат со проблеми но нема простор за паника

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека некои болници во САД би можеле да бидат преплавени со пациенти заразени со вирусот Ковид-19, но дека земјата генерално е добро подготвена за најновиот пораст на случаи со Ковид-19 и нема дополнителни причини за паника.

На виртуелниот состанок организиран од Белата куќа со неколку државни гувернери и здравствени советници, Бајден истакна дека брзото ширење на видот омикрон нема да го има истиот ефект како од почетокот на епидемија на Ковид-19 во 2020 година или појавата на видот делта оваа година.

Омикрон е извор на загриженост, но не треба да биде извор на паника, потенцираше Бајден.

Тестирањето во САД сега е достапно за секого, а масовната вакцинација значи дека многу луѓе најверојатно нема да добијат сериозни симптоми доколку бидат заразени со болеста.

Бидејќи голем дел од населението е вакцинирано со третата доза, не гледаме дека бројот на хоспитализации ќе се зголемува како досега. Американци, нашата Америка напредуваше. Работите одат кон подобро, изјави тој.

Сепак, Бајден нагласи дека со зголемувањето на случаите, и фактот дека сè уште има десетици милиони Американцки кој што се невакцинирани, а поради тоа расте бројот на хоспитализирани пациенти во болниците.

На некои места има болници кои ќе се соочат со проблеми поради немање доволно опрема и кадар, нагласи тој.

Бајден призна дека и покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, тоа сè уште не е дојдено до задоволително ниво.

Соединетите Американски Држави забележаа повеќе смртни случаи од која било нација на планетата, со повеќе од 816.000 регистрирани смртни случаи од Ковид-19 и повеќе од 52 милиони инфекции.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!