Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика британија „уплашена“ од Русија: Доколку дојде до конфликт во Украина, нашите војници веднаш ќе се повлечат

Велика Британија ќе се повлече и ќе ги повлече своите воени структури од Украина во случај на напад од Русија.

Британската армија подготвува акционен план во случај на непредвидена ситуација за евакуација на британските војници од Украина во случај на „руска инвазија“ врз таа држава.

Военото раководство треба да спроведе сеопфатен преглед на „Орбитал“ со цел да гарантира дека сите британски војници ќе можат безбедно да бидат извлечени од Украина, се наведува во документите објавени во британските медиуми.

Најголем дел од британските сили во Украина се лоцирани во градот Јаворив во регионот Лавов, а мала група офицери се наоѓа и во Киев. Според изворите на медиумите, тие треба да се упатат кон границата со Полска во случај на инвазија.

Наредбата за евакуација треба да ја даде началникот на британската управа за заеднички операции, генерал полковник, Чарли Стрикленд. Неговите структури ќе бидат подготвени и ќе ја следат атмосферата за време на претстојните празници. Медиумите забележуваат дека Стрикланд ќе добива информации за ситуацијата два пати на ден.

Тој внимателно ќе следи за да го процени влијанието на какво било мешање врз можноста за повлекување на неговите војници. Не може да дозволи таму да бидат заробени, стои во изворот од вооружените сили на Британија.

Според медиумите, повеќе од сто британски војници ги обучуваат украинските сили на територија на Украина.

Претходно, британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека е многу малку веројатно британските војници да се борат против руските војници на украинска територија.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа за никому не преставува закана и никого не треба да загрижува.

Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. 

Во Русија овие обвинувања за „инвазија“ во неколку наврати беа демантирани, нагласувајќи дека најчесто се користат како изговор да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите со Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!