Вие имате прво да ја знаете вистината

Гаспром гласно ги негира тврдењата дека е намалена испораката на гас во Европа

Руската голема компанија Гаспром го демантираше и го нарече за неточно обвинувањето дека тие испорачуваат мала количина на гас во државите од Европската унија.

Сергеј Купријанов од Газпром на 26 декември изјави дека оваа компанија е целосно посветена на исполнување на обврските и дека ја зголемила количината на испорачаниот гас во однос на минатата година.

Тој изјави дека обвинувањата се апсолутно неосновани, неприфатливи и неточни односно многу поедноставно кажано, дека тоа е само лага.

Реакцијата од компанијата Гаспром следеше откако беше посочено дека тие ја прекинале дистрибуцијата на гас преку гасоводот Јамал – Европа, кој минува низ Белорусија. Па, поради ова дојде до големо поскапување на бензинот во државите од Европската унија. 

Исто така, ова преставува и највисоката цена на гасот досега – 1,77 евра за кубен метар.

Многумина веруваат дека горенаведеното е поврзано со растечките тензии помеѓу Русија и Западот. Меѓутоа, рускиот претседател, Владимир Путин ја негира врската и овие обвинувања.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!