Вие имате прво да ја знаете вистината

Големо снежно невреме ги зафати САД: Многу домаќинства останаа без електрична енергија а патиштата затворени (видео)

Силно невреме ги погоди западните региони на Соединетите Американски Држави, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.

Речиси два метри снег падна во делови од северна Калифорнија во последните 24 часа, што предизвика прекин со снабдувањето на електричната енергија и затворање на поголем дел од патиштата. Еден од главните патишта кој ја поврзува Калифорнија со Невада, исто така беше затворен поради лошите временски услови и невремето.

Во шест држави на сила се предупредувањата од можна лавина, пренесуваат американските медиуми.

За време на викендот, јужна Калифорнија беше погодена од невреме, што предизвика пукање на помали брани и поплавување на улиците.

Националната метеоролошка служба (NWS) во Невада, соопшти дека снежните бури ќе останат силни до понеделник, а синоптичарите предупредија дека патувањето во тој регион може да биде отежнато неколку дена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!