Вие имате прво да ја знаете вистината

Дедо Мраз оваа година постави нов рекорд: Успеа да одговори и да испрати повеќе од 30 илјади писма на децата ширум светот!

Поштата во германското село, Свети Никола, каде што децата од целиот свет традиционално му испраќаат писма на Дедо Мраз веќе повеќе од 50 години, постави нов рекорд и одговори на повеќе од 30.000 писма оваа година.

Овој Божиќ, во поштата, во село Свети Никола, пристигнале 30.711 писма до Дедо Мраз, што воедно преставува и највисока бројка на испратени писма до таа адреса досега. Писмата биле одговарани од 44 волонтери а биле испратени до сите деца кој што испратиле писмо во поштата од 43 земји.

Поштата на тој начин го сруши минатогодишниот рекорд на одговорени писма, кога беа испратени 866 писма помалку од годинава.

Најголем дел од писмата до Дедо Мраз биле испратени од Германија, околу 90 отсто од нив, додека меѓународни писма имало и од Франција, Кина и многу други земји.

Волонтерите одговарале на секое примено писмо и го обележувале пликот со специјална поштенска марка Свети Никола.

Селото каде што се наоѓа адресата на Дадо Мраз, се наоѓа во Сар, сојузна покраина во близина на германско-француската граница и е единственото место во Германија што го дели своето име со Свети Никола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!