Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма на небото: Мраз од друг авион го скрши стаклото од кабината на 11.000 метри висина

Авион на Бритиш ервејс кој летал за Костарика минатата недела удрил во парче мраз што паднало од друг авион и го скршило стаклото од пилотската кабина/

Кога мразот го скршил стаклото пред пилотите, авионот „Боинг 777“ бил на речиси 11.000 метри надморска височина, пишува Дејли Мејл, кој наведува дека авионот од кој паднал мразот летал на околу 300 метри поголема височина.

Шансите мразот да ја пробие пилотската кабина се проценуваат на еден во милион.

И покрај се, пилотите успеале да слетаат во Сан Хозе, главниот град на Костарика, но патниците кои требало да се вратат од Костарика за Велика Британија со истиот авион и да слетаат во Лондон на Божиќ имале вистински проблеми.

Поради поправката, која била итна, околу 200 патници морале да го чекаат пристигнувањето на новиот авион. Обидот за пренасочување на авионот од Јамајка пропаднал, па патниците морале да преноќат во хотел на аеродромот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!